Burç Eruygur
12 Декември 2022•Ажурирај: 13 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски во телефонски разговор со неговиот американски колега Џо Бајден разговараше за прашањата за одбранбената соработка и енергетската инфраструктура, при што двајцата се согласија од потребата за зајакнување на противвоздушната одбрана на Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски на Твитер напиша рече дека двајцата имале „плоден разговор“ фокусиран на понатамошна одбранбена соработка, заштита и одржување на енергетски сектор.
Двајцата лидери, исто така, ги „усогласија ставовите во пресрет на онлајн самитот # Г7“, напиша Зеленски.
Тој му се заблагодари на Бајден за безбедносниот пакет најавен од САД минатиот петок, нагласувајќи ја притоа „важноста на способна воздушна одбрана“.
Зеленски повтори дека околу 50 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е уништена во руските напади, повикувајќи го Бајден „да направи сѐ што е можно за да помогне во заштитата на цивилното население на Украина и нејзината критична инфраструктура“.
„Тој ја изрази својата благодарност за невидената одбранбена и финансиска помош“ обезбедена од САД, „како и за постојаната поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, за лидерството во консолидирањето на меѓународните напори за спротивставување на руската агресија“, се вели во соопштението.
Зеленски ја пофалил помошта доделена од САД за реконструкција на енергетскиот систем на Украина и изразил надеж за натамошно продлабочување на соработката на тоа поле.
Тој тврди дека Украина „сака да постигне мир и да го привлече вниманието на важноста од консолидирање на меѓународните напори за постигнување на таа цел“.
Зеленски рече дека „Формулата за мир“ што ја претставил на самитот на Г-20 минатиот месец „обезбедува 10 критично важни чекори ... кои ќе овозможат да се запре војната“.
- „САД имаат приоритет за воздушната одбрана на Украина“
Според соопштението на Белата куќа, Бајден истакнал дека САД ги „приоритизираат напорите за зајакнување на воздушната одбрана на Украина“ преку нејзината безбедносна помош, вклучително и „најавата од петокот за дополнителна муниција и опрема во вредност од 275 милиони долари што вклучува системи за спротивставување на руската употреба на беспилотни летала“.
„Претседателот Бајден, исто така, ја истакна најавата од 29 ноември за помош од 53 милиони долари како поддршка на енергетската инфраструктура за зајакнување на стабилноста на енергетската мрежа на Украина во пресрет на целните напади на Русија“, се вели во соопштението.
Тој ја поздрави „отвореноста на Зеленски за праведен мир заснован на фундаментални принципи“ и ја потврди „заложбата на САД да продолжат да и даваат на Украина безбедносна, економска и хуманитарна помош, сметајќи ја Русија одговорна за нејзините воени злосторства и наметнување трошоци на Русија за нејзината агресија“, се додава во соопштението.