Talha Yavuz
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
КИЕВ
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека окупацијата на Крим фрла сенка врз функционалноста на меѓународниот безбедносен систем, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Зеленски зборуваше на отворањето на Самитот на Кримската платформа.
Истакнувајќи дека денес се одржува важен настан бидејќи прашањето за Крим за прв пат по окупацијата е пренесено на меѓународната сцена, Зеленски го изрази своето задоволство затоа што на Платформата се дојдени 46 делегации.
Зеленски, посочувајќи дека Крим станал место каде што се кршат човековите права, нагласи: „Окупацијата на Крим фрла сенка врз функционалноста на меѓународниот безбедносен систем.“
Меѓу другото, Зеленски подвлече дека сè додека не се подобри оваа ситуација, нема гаранција дека која било друга земја ќе биде следната жртва.
Зеленски исто така додаде: „Прашањето за Крим не треба да исчезне од светската агенда уште 7 години.“