Ahmet Dursun
23 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА
Русија, Иран и Кина ќе одржат заедничка воена вежба во Персискиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот амбасадор во Техеран, Леван Џагаријан, зборуваше за вежбата за руската новинска агенција „РИА Новости“, објави иранската новинска агенција „ИРНА“.
Амбасадорот Џагаријан рече дека Русија кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година во Персискиот Залив ќе организира заедничка поморска вежба со поморските сили на Иран и Кина.
Рускиот амбасадор рече дека главната цел на вежбата, во која ќе учествуваат воените бродови на трите земји, е да се обезбеди поморската безбедност, како и борба против пиратството.
Тој, исто така, зборуваше за патот на Иран до полноправно членство во Шангајската организација за соработка.
„Москва го поддржува полноправното членство на Техеран во Шангајската организација за соработка“, рече Џагаријан.
Претходно, поморските сили на Иран, Русија и Кина одржаа заедничка вежба во Оманското Море. Вежбата во декември 2019 година беше прва поморска вежба од големи размери што Иран ја одржа со Кина и Русија по Револуцијата во 1979 година.