Yusuf Özcan
26 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон вети даночни олеснувања за работницте од средната класа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телевизиското обраќање од Елисејската палата, Макрон, исто така, изјави дека Франција и Европа мораат многу поефикасно да се борат против илегалните миграции.
Тој нагласи дека ја поддржува „силна“ Европа која ги штити своите граници, додека истовремено го одобрува азилот на некои луѓе од земјите каде што им се загрозени животите.
Тој им вети и мерки за зголемување на пензиите, за помош на самохраните родители и олеснувања на прописите за референдумот за да им биде полесно на луѓето да го изразат незадоволството на друг начин освен со протестите на улица.
Истакна, исто така, дека ќе укине одредени даноци кои во овој момент мора да ги плаќаат компаниите во Франција.
Тој потсети дека „Жолтите елеци“ и понатаму продолжуваат со протестите, иако, како што изјави, треба да се воведе јавен ред во земјата за да може непречено да функционира.
„Се запрашав дали треба да запреме сè што е сторено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, јас верувам сосема спротивно“, изјави Макрон.