Seda Sevencan
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија продолжува да извршува напади на неговата земја, но вети дека Украина никогаш нема да биде место на разорување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тие не се способни за ништо друго освен за разорување. Тоа е сè што оставаат зад себе. А она што сега го прават против Украина е нивниот обид да се одмаздат. Да се одмаздат поради фактот што Украинците постојано се бранеа од нив“ изјави Зеленски во видеото објавено на Телеграм.
Претседателот на Украина посочи дека Киев никогаш нема да прифаќа наредби од Москва и дека „ќе направи сѐ за да ја обнови секоја зграда, секоја куќа, секое претпријатие што е уништено од окупаторите“.
Зеленски истакна дека за само една недела, руските војници пукале 258 пати во 30 населени места во регионот Херсон и ја оштетиле пумпната станица што го снабдувала Миколаев со вода.
Нагласувајќи дека Иницијативата за црноморско жито е „една од историски најголемите украински хуманитарни иницијативи“, украинскиот лидер нагласи дека во тој поглед неговата земја добила значителна поддршка од различни земји, вклучувајќи ги Туркије, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија, како и некои земји од Европската унија, како и од НАТО и Обединетите нации.