Zehra Ulucak
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
МЕЛБУРН (АА) - Папуа Нова Гвинеја ја погоди земјотрес со интензитет од 7,9 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД, соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на оддалеченосто од 46 километри од градот Тарон на островото Нова Ирска, на длабочина од 103 километри.
Сѐ уште нема податоци за загинати и повредени од земјотресот.
Центарот за предупредување од цунами во Пацификот, по земјотресот упати предупредување од цунами на подрачјето на Папуа Нова Гвинеја и пошироката околина.