Ali Korkmaz
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
ИЗМИР (АА) - Во Турција се приведени девет од 11 лица, вклучително и изведувачи на работите на зградите уништени во земјотресот во Измир, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Јавното обвинителство во Измир започна истрага против одговорните за изградбата на зградите што се срушија и кои се тешко оштетени во земјотресот.
Во рамки на истрагата досега се приведени девет од 11-те осомничени, вклучително и изведувачите на работите на зградите срушени во земјотресот.
Полицијата ги презема сите потребни напори за приведување на преостанатите две лица кои се осомничени за истите кривични дела.
Како резултат на силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција во петокот загинаа 91 лице, 994 се повредени, од кои 829 се пуштени на домашно лекување, додека 155 сè уште се на болничко лекување.
По силниот земјотрес што го погоди подрачјето во близина на Сеферихисар, во Измир, регистрирани се 1.286 последователни потреси, од кои 43 со магнитуда над четири степени.
Турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, на денешната прес-конференција во Измир соопшти дека бројот на значително оштетените и уништени згради се зголемил на 58.
Досега спасени се над 105 лица, меѓу кои и тригодишната Елиф Перинчек, која беше извлечена од под урнатините по 65 часа.