Sinan Doğan
31 Март 2023•Ажурирај: 01 Април 2023
БОГОТА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтер синоќа го потресе Чиле, пренесува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот бил во градот Кобкекура, на длабочина од 111 километри, соопшти Националниот центар за сеизмологија на Универзитетот Чиле.
Во земјотресот нема човечки жртви ниту е предизвикана материјална штета.
Земјотресот се почувствувал и во градовите Мауле, Биобио и О’Хигинс.