Ahmet Furkan Mercan
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
ТОКИО
Јапонската префектура Мијаги, сместена во североисточниот дел од земјата ја потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави Јапонската агенција за метеорологија, на отворено море во подрачјето на Мијаги во 10:27 часот по локално време почувствуван е земјотрес кој првенствено бил заведен со интензитет од 6,6 степени, за подоцна тој да биде ревидиран, соопштувајќи дека интензитетот на земјотресот изнесувал 6,8 степени.
Агенција за метеорологија која првенствено објави дека земјотресот бил на длабочина од 60 километри, го корегираше и овој податок, информирајќи дека епицентарот на потресот бил на длабочина од 51 километар.
Според веста што ја објави агенцијата Кјодо, не е забележана било каква абнормалност во работата на нуклеарните централи Даи-ичи и Даи-ни сместени во јужниот дел на префектурата Мијаги.
Во веста се наведува дека локалните власти на околните префектури Аомори, Ивате и Фукушима информирале дека нема човечки жртви ниту повредени од земјотресот.
Кус период биле суспендирани одредени линии на експресниот воз Тохоку Шинкансен во североисточниот дел на земјата.