Burak Dağ
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ЏAKАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја потресе индонезиската покраина Малуку рано утрово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на земјотресот бил на 122 километри северозападно од градот Џаилоло, на длабочина од 10 километри.
Агенцијата не издаде предупредување за цунами и нема непосредни извештаи за причинета штета.
Во септември, земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Амбон, главниот град на Малуку, при што животот го изгубија 36 лица.