Betül Yürük
06 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека економските и социјалните проблеми и ограничувања предизвикани од новиот вид коронавирус Ковид-19 го зголемиле семејното насилство низ светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Забележувајќи дека во некои земји бројот на жени што биле подложени на насилство и што бараат помош се зголемил во изминатите неколку недели за време на карантинот, Гутереш упати повик до владите да го спречат насилството врз жените во овој процес.
- „За да се казнат насилниците треба да работат судовите“ -
Гутереш, наведувајќи дека треба да бидат отворени засолништата каде што жените изложени на насилство ќе можат да останат, истакна дека судовите треба да работат со цел да се казнат насилниците.
Според податоците на ОН, во последните неколку недели во САД, Индија, Јужна Африка, Франција, Турција и Австралија се зголемиле случаите на семејно насилство и насилство врз жени.