Muhammet Kurşun
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степена ја погоди провинцијата Ѓулистан, во североисточен Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран, земјотресот, чиј епицентар е регистриран во областа Мераветепе во провинцијата Ѓулистан, се случил во 9:16 часот по локално време.
Исто така се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Сè уште нема информации во врска со евентуални жртви и причинета материјална штета.