Sinan Doğan
13 Август 2022•Ажурирај: 13 Август 2022
Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди мексиканската сојузна држава Мичоакан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националната агенција за сеизмологија на земјата.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 34 километри западно од градот Уетамо во сојузната држава Мичоакан.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5,3 степени се случил на длабочина од 56 километри.
Властите нагласија дека нема жртви или материјална штета во земјотресот.
Потресите биле почувствувани и во мексиканскиот главен град Мексико.
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, преку Твитер истакна дека земјотресот е надминат без проблеми.