Ekipa
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер го погоди населеното место Сумар во покраината Керманшах, во западниот дел на Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Сеизмолошкиот центар при универзитетот во Техеран, земјторесот се случил во 10.21 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Земјoтресот, кој се случи недалеку од границата меѓу Иран и Ирак, е почувствуван и во Багдад, Ербил, Сулејманије, Дијала, Бабил и Васит.
Сѐ уште не се знае дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
Од друга страна, изутрина земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер го погоди и местото Хојдек, во покраината Керман, која се наоѓа на југот на Иран.