Hakan Çopur
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека земјата може да му се врати на Парискиот договор за климатски промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, за време на заедничката прес-конференција со норвешката премиерка Ерна Солберг, зборуваше за голем број прашања меѓу кои и за Парискиот договор, како и за имиграциските реформи.
Американскиот претседател, кој на 1 јуни 2017 година најави повлекување на САД од Парискиот договор, изјави дека враќањето е можно.
Тој истакна дека сегашните услови од договорот не одговараат со економските интереси на САД и дека враќањето е можно доколку дојде до одредени промени.
Тој се осврна и на имиграциските реформи за кои во последно време во САД многу се дебатира.