Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку седум цивили загинаа во воздушен напад извршен во Хан Шејхун во Идлиб, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилната заштита во Идлиб (Белите шлемови), Мустафа Хаџ Јусуф, за АА изјави дека воздушниот напад во селото Тибеш во северниот дел на Хан Шејхун го извршиле руските воени авиони.
Покрај седумте загинати во нападот ранети се и девет лица. Меѓу смртно настраданите шест се деца и една жена.
Хаџ Јусуф изјави дека ранетите лица се хоспитализирани во околните болници.
Во нападите, кои на подрчајето на Идлиб се интензивирани во последниот месец, загинаа повеќе од 100 цивили, а ранети се над 210.
Идлиб и околината, на состанокот во Астана одржан минатата година, беа прогласени за зони без судири. Сепак, припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија повремено го кршат примирјето.