AP
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 21 дете е повредено кога училиштен автобус удри во куќа во јужна Германија, во вторник рано наутро, соопшти полицијата, а пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи околу седум часот во градот Ебербах, 50 километри источно од градот Манхајм, кога автобусот слета од коловозот и удри во куќа.
Портпаролот на полицијата во Манхајм, Кристоф Кункел, изјави дека повредените се однесени во болници со хелихоптер, а шестмина од нив се во критична состојба.
Причината за несреќата во овој момент не е позната, додека полицијата го испитува возачот на автобусот.
Во времето на несреќата, автобусот бил полн, но полицијата не наведе колку деца биле во него.
Кункел потврди дека истрагата е во тек, и дека улиците што водат до местото на несреќата се затворени.