Ekip
13 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Центристичката алијанса „Ансамбл“ предводена од францускиот претседател Емануел Макрон доби многу слаба предност во првиот круг од парламентарните избори во земјата во однос на левичарската алијанса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузот на францускиот претседател Емануел Макрон освои тенко мнозинство против НУПЕС, сојуз на левичарските партии - социјалистите, зелените, комунистите и француската Неосвоена партија.
Резултатите што ги објави француското Министерство за внатрешни работи укажуваат на победа на „Ансамбл“, кој освои 25,75 отсто од гласовите, додека НУПЕС предводен од Жан-Лук Меланшон освои 25,66 отсто.
Според „Радио Франс Интернационал“, станува збор за 21.000 гласови.
Вториот круг од изборите за Националното собрание, долниот дом на Парламентот, ќе се одржи на 19 јуни.
Над 48,7 милиони граѓани имаа право на глас на изборите за 577 места во Долниот дом.
За апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 пратенички места.