Mustafa Deveci
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Издатоците на израелската администрација за нелегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег во првиот квартал од оваа година се зголемија, во однос на истиот период од претходните години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Водечкиот весник во Израел, „Хаарец“ (Haaretz) пишува дека администрацијата на Тел Авив потрошила 111,5 милиони американски долари нелегалните еврејски населби на Западниот Брег во првиот квартал од 2019 година.
Во веста се истакнува дека издатоците за нелегалните еврејски населби изградени на палестинските територии во првиот квартал од оваа година е најголемо во однос на истиот период во последните 10 години.
Меѓу другото, се вели и дека Израел ја информирал администрацијата на Вашингтон за трошењето за еврејските населби на Западниот Брег.
Западниот Брег окупиран од Израел во 1967 година, има близу 250 нелегални еврејски населби во кои живеат над 400.000 еврејски доселеници.
Според меѓународното право, сите еврејски населби во окупираните територии се сметаат за нелегални.