Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
16 Ноември 2022•Ажурирај: 17 Ноември 2022
АЛ КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денеска го обвини Иран за напад со беспилотно летало врз танкер со нафта во сопственост на израелски милијардер во близина на брегот на Оман, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Радиото на Израелската армија соопшти дека нападот бил извршен со беспилотно летало со експлозив, без да даде дополнителни детали.
Оттаму цитираа висок израелски безбедносен претставник дека Техеран стои зад нападот.
Според официјалните претставници, со танкерот со нафта управува компанија со седиште во Сингапур, во сопственост на израелскиот милијардер Идан Офер.
За овие обвинувања немаше коментари од Иран.
Израел неколкупати го обвини Иран дека цел му се израелските бродови, што Техеран го негира.