Burç Eruygur
16 Ноември 2022•Ажурирај: 17 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Низ Украина утринава беше огласено предупредување за воздушен напад, вклучително и во главниот град Киев, поради ризикот од можни руски напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти преку Телеграм ги повикаа жителите да се засолнат, но не беа пријавени предупредувања во регионот на Крим, кој Русија нелегитимно го анектира во 2014 година.
Во Украина речиси секојдневно се огласуваат предупредувања за можен воздушен напад од ракетни и беспилотни летала, чија цел е цивилната и енергетската инфраструктура во земјата.
Предупредувањата денеска беа издадени откако вчера во Киев беа погодени три станбени згради, при што загина еден цивил.
Официјални лица, исто така, соопштија за експлозии во повеќе градови, вклучувајќи ги Ривне, Лавов, Виниција и Ковел.