Firdevs Bulut
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел соопшти дека поради пандемијата на Ковид-19, ги затворa своите амбасади во Германија, Шпанија, Грција, Холандија и Јужен Кипар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелската амбасада во Германија се затвори откако амбасадорот Џереми Исачароф и неговиот помошник по тестирањето беа позитивни на вирусот“, објави дневниот израелски весник „Једиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth), пренесувајќи соопштение од Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се нагласува затворање на Израелската амбасада во Мадрид, откако амбасадорот е позитивен на коронавирусот, а неговиот персонал е во карантин.
Во Амбасадата во Атина исто така едно вработено лице и неговото семејство се позитивни, при што доведе до нејзино затворање.
Во меѓувреме, по еден член на персоналот во израелските амбасади во Хаг и Јужен Кипар е позитивен на вирусот, што резултираше со нивно затворање.
Вкупниот број лица кои се заразени од коронавирусот во Израел изнесува 529.