Servet Günerigök
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот конгресмен Марио Диаз-Баларт вчера објави дека е позитивен на коронавирусот, со што е првиот американски законодавец заразен со вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на Твитер, републиканецот од Флорида вели дека во саботата почувствувал сиптоми на главоболка и температура.
„Сакам да знаете дека се чувствувам многу подобро“, изјави 58-годишниот Диаз-Баларт.
Неколку часа подоцна, демократскиот конгресмен Бен Мекадамс од Јута, изјави дека е позитивен на тестирањето што го направил поради поблаги симптоми на настинка.
„Моите симптоми се влошија и добив температура, сува кашлица и отежно дишење, при што останав во самоизолација“, изјави тој.
„Мојот лекар во вторникот ме упати на тестирање за Ковид-19, кое го направив. Денес дознав дека сум позитивен на вирусот“, изјави Мекадамс.
Овие два случаи се случија неколку дена откако и други законодавци, вклучувајќи го и сенаторот Линдзи Грахам, се самоизолираа откако имале контакт со лица кои биле позитивни на коронавирусот.
Двајцата конгресмени ја повикаа јавноста да го сфати вирусот крајно сериозно.