Said İbicioğlu
27 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ГАЗА
Воените авиони на Израел извршија воздушен напад во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападите од израелските воени авиони беа извршени врз земјоделски земјишта во централниот дел на Газа.
Министерството за здравство на Палестина сѐ уште не даде изјава за тоа дали има жртви или повредени во нападот.
Меѓу другото, портпаролот на израелската Војска, Авичај Адрае, вчера на социјалните мрежи напиша дека од Газа кон Израел се лансирани две ракети.