Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ali Semerci
09 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Во три извршени напади изутринава во Појасот Газа кој е под блокада на Израел, загинаа двајца шехиди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудрам, во писмено соопштение нагласи дека 20-годишниот палестинец Абдуллах ел-Етл и 30-годишниот Мухаммед ес-Сафеди се шехидите во нападот извршен од страна на израелските воени авиони.
Според информациите добиени од безбедносните извори во Газа, Израелските воени авиони извршиле напади во три различни точки на бригадите на Изедин ел-Кассам, воена гранка на Хамас.
Израел вчера изврши напад во три различни точки во Газа при што 15 лица беа повредени, меѓу кои едно дете.
Израелската армија соопшти дека воените авиони го бомбардираа кампот за обука на Хамас во појасот Газа.