Ali Rezzakoğlu
05 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските воени авиони утринава извршија воздушен напад во западна Сирија во кој регистрирани се жртви, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашиот систем за одбрана ги пресретна ракетите на агресија и собори некои од нив“, пренесе сириската новинска агенција (САНА) цитирајќи воени извори.
Изворите, кои сакале да останат анонимни, изјавиле дека во нападот е убиен еден цивил, а уште шестмина се повредени.
„Меѓу ранетите има едно дете и неговата мајка, покрај одредени материјални загуби в подрачјето кое беше цел на нападот“, додаваат изворите.
Израел со години врши напади на места под контрола на силите на сирискиот режим и иранските позиции во Сирија.