Gülbahar Sayım
05 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
НИАМЕЈ
Во нападот на вооружените лица во Нигер загинаа 20 лица, од кои 16 војници и 4 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на војската на оваа земја, околу 200 вооружени лица извршиле напад во подрачјето на Банибангу кое се наоѓа во западниот дел на земјата, при што настанал судир меѓу безбедносните сили и напаѓачите.
Во соопштението се наведува дека за време на судирот загинале 16 војници и 4 цивили, додека неколку војници се исчезнати.
Според соопштеното, се претпоставува дека е можно, лицата кои се водат како исчезнати, да се киднапирани од овие напаѓачи.
Во последниот период забележан е раст на насилните настани во западниот дел на Нигер.
Инаку, во оружениот напад извршен во изминатите денови врз војниците во подрачјето на Тахуа загинаа 16 војници.
Буркина Фасо, Мали и Нигер во последните години се изложени на напади од терористичката организација ДЕАШ и од групи поврзани со терористичката организација Ал Каеда.