İdiris Okuduci
18 Јануари 2024•Ажурирај: 19 Јануари 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија погоди место во близина на возило што се движело во Јужен Либан, пренесува Анадолу.
Според вестите на либанската официјална агенција ННА, ракетата била лансирана од израелско беспилотно летало кон возило што се движело во близина на регионот Кавкаба во Јужен Либан.
Констатирано е дека откако проектилот паднал пред возилото, патниците брзо излегле и побегнале. Не се дадени информации за идентитетот на лицата во возилото.
Во видеото на Анадолу може да ги видите скршените стакла на возилото.
ННА објави и дека цел на беспилотно летало била и куќа во градот Кавкаба.
Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах на границата од 8 октомври минатата година загинаа 29 либански цивили и 162 припадници на Хезболах, како и шест израелски цивили и десет војници.