Ikrame Imane Kouachi
06 Октомври 2024•Ажурирај: 07 Октомври 2024
АЛ-КУС (ЕРУСАЛИМ) – Израелската армија денес им нареди на цивилите во 26 погранични градови во јужен Либан веднаш да се евакуираат поради воздушните и копнените напади врз земјата, известува Анадолу.
Портпаролот на армијата Авичај Адраи побара од жителите на Либан да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Авали.
На списокот на таргетирани градови се Хула, Меис Еј Џабал и Мајдал Селм.
Интензивни воздушни напади Израел спроведува врз јужните предградија, кои ги смета за упориште на Хезболах.
Во минатонеделниот напад на Бејрут беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, а нападот во петокот беше насочен кон неговиот потенцијален наследник Хашем Сафиедин.
Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 41.800 луѓе, главно жени и деца.
Според податоците на либанските власти, во Либан во израелските бомбардирања и гранатирања убиени се најмалку 2.036 луѓе, повеќе од 9.500 се ранети, а 1,2 милиони се раселени.
Меѓународната заедница предупредува дека израелските напади врз Либан би можеле да прераснат во поширока регионална војна.