Şerife Çetin
06 Октомври 2024•Ажурирај: 07 Октомври 2024
ЊУЈОРК (АА) - Повеќе илјадници луѓе марширајќи низ Њујорк протестирајќи против геноцидот што Израел го спроведува во Газа кој трае една година, известува Анадолу.
Демонстрантите вчера се собраа на познатиот Тајмс Сквер во Њујорк со транспаренти на кои пишуваше „1 година отпор против геноцидот кој трае веќе 1 година“.
Демонстрантите повикаа да се стави крај на геноцидот во Газа, а исто така побараа и прекин на нападите на Израел врз Либан.
Десетина илјади демонстранти носеа палестински знамиња на Тајмс Сквер и извикуваа слогани како „Бомбите паѓаат врз Газа додека купувате“, „Слобода за Газа“ и „Стоп за геноцидот во Газа“.
Демонстранти со транспаренти на кои беше испишано „Слободна Палестина“ и „Финансирање на геноцидот од САД“ и со тапани од Тајмс Сквер минаа низ познатата 5-та авенија во Њујорк и протестот го продолжија во паркот Вашингтон Сквер.
Демонстрациите ги следеа голем број припадници на полицискиот оддел на Њујорк (NYPD).
Демонстрации по повод навршувањето на една година од израелскиот геноцид врз Газа се одржаа и во други американски сојузни држави, вклучувајќи ги и Лос Анџелес и Вашингтон.