Nour Mahd Ali Abu Aisha,Muhammed Semiz
28 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
ГАЗА (АА) - Израелските сили приведоа 6 палестински рибари и запленија два чамци на отворено море наспроти Појасот Газа, кој е под блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Низар Ајаш, претседателот на Синдикатот на палестински рибари во Газа, даде изјава за АА во врска со овој случај.
Ајаш истакна дека израелските поморски сили во ноќните часови привеле 6 палестински рибари кои ловеле во близина на палестинско-египетската граница.
Тој, исто така, нагласи дека израелските сили ги заплениле и двата чамци на рибарите.
Инаку, Израел од 2006 година од копно, море и воздух ја држи под блокада Газа, каде што живеат околу 2 милиони Палестинци.
Според Министерството за земјоделство на Палестина, во Газа има околу 4.000 рибари, а рибарството е една од важните професии за егзистенција.