Ekip
09 Април 2023•Ажурирај: 10 Април 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската власт ги затвори за муслиманите на два дена харемот и џамијата на пратеникот Ибрахим (Абрахам) во Хеброн на Западниот Брег, известува Анадолу.
Директорот на комплексот, Хасан ал Раџави, за АА изјави дека израелските власти им забраниле на муслиманите да влегуваат во комплексот на џамијата за да можат Евреите да пристапат до овој објект и непречено да ги извршуваат молитвите по повод празникот Пасха.
Ал Раџави рече дека џамијата ќе биде затворена до понеделник вечер.
Палестинскиот активист Ареф Џабер рече дека израелската војска поставила контролни пунктови во близина на џамијата во очи на прославата на Пасха, еден од најзначајните еврејски празници.
Активистот очекува пристигнување на илјадници доселеници од другата страна на окупираниот Западен Брег во џамијата за да го прослават еврејскиот празник.
Се верува дека во харемот на џамијата, односно во пештерите што се наоѓаат под неа, се наоѓаат гробовите на Ибрахим (Аврам), Исак и Јаков.
Барух Голдштајн, Евреин од екстремната десница, на 25 февруари 1994 година отвори оган во џамијата и во таа прилика уби 29 Палестинци, а рани 125.
По овој настан, израелските власти од безбедносни причини воведоа строги мерки за безбедност и еден дел од комплексот го претворија во синагога.
Во Хеброн живеат околу 160.00 Палестинци и околу 500 еврејски доселеници кои се сместени во строго чувани населби.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи во јули 2017 година да ги вметне Ибрахимовата џамија и стариот град Хеброн на својата листа на светско наследство.