Mohamad Majed Mustafa Haboush,Zeynep Tüfekçi Gülay
04 Март 2024•Ажурирај: 05 Март 2024
ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони ги бомбардираа гробиштата во бегалскиот камп Џибалија на северот на Појасот Газа, каде што колективно беа погребани стотици Палестинци убиени во претходните напади, известува Анадолу.
Ахмед ал Кахлут, раководител на единицата за цивилна одбрана на северот на Газа, за дописникот на АА изјави дека израелски воени авиони извршиле воздушен напад врз гробиштата, каде што биле закопани стотици Палестинци убиени во претходните напади врз бегалскиот камп Џибалија.
Кахлут изјави дека закопаните тела излегле од земјата поради бомбардирањето и дека тимовите за цивилна одбрана вложиле интензивни напори за нивно повторно закопување.
Не можејќи да најдат место на гробиштата за илјадниците убиени во израелските масакри што траат со месеци, жителите на Газа се принудени мртвите Палестинци да ги закопуваат во колективни гробници.