Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денеска треба да го протера директорот на „Хјуман рајтс воч“ (HRW) со седиште во Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот Врховен суд на 5 ноември ја отфрли жалбата на Омар Шакир против одлуката за негово депортирање и му даде рок од 20 дена да ја напушти земјата.
Израелските власти го обвинуваат Шакир за поддржување на движењето Бојкот, пренасочување и санкции (BDS), кое Израел го прогласи за противзаконско.
Директорот на канцеларијата на „Хјуман рајтс воч“, од своја страна тврди дека одлуката е политички водена и со цел да ги замолчи организациите за човекови права кои работат во Израел.
Во април, Ерусалимскиот окружен суд ја одобри одлуката на Владата за откажување на визата за престој на Шакир, државјанин на САД, тврдејќи дека тој го поддржал движењето.
Овој потег беше прв од ваков вид откако „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, започна да ги следи настаните во Израел и Палестина пред три децении.