Mehmet Nuri Uçar
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
РАМАЛА (АА) - За време на рациите на окупираниот Западен Брег, израелската Армија приведе 21 Палестинец, а едно лице е рането со боева муниција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските војници утрово извршија рација во неколку градови на Западниот Брег, како Рамала, Наблус, Хеброн, Џенин, Тулкерим и Ал-Кудс (Ерусалим).
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелските војници извршиле рација во неколку градови на Западниот Брег, и дека десетици Палестинци биле погодени од солзавец, а едно лице е рането со боева муниција.
Се наведува дека палестинско семејство, меѓу кои и четворица малолетници, биле пренесени во болницата „Рафидија“ како последица на солзавецот.
Палестински извори велат дека израелската Армија уапсила десетици Палестинци за време на викендот на Западниот Брег.