Ekipa
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
АТИНА (АА) - Шумски пожар избувна во северна Грција денес уништувајќи неколку хектари шумско земјиште, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот во шумската област во Мола Калива, Халкидики, сè уште не се проширил во населените области.
Сè уште не се познати причините за пожарот.
Тим од 150 пожарникари и 45 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот со волонтери од локалните општини.
Сепак, силните ветрови ја отежнуваат мисијата.