Ahmed Asmar
10 Февруари 2024•Ажурирај: 12 Февруари 2024
Израелската армија подготвува копнена воена операција во густо населениот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, поради плановите за евакуација на жителите пред пред почетокот на операцијата, објавија медиумите, пренесува Анадолу.
По барање на Египет и САД, воената операција во Рафах ќе започне по завршувањето на „големата евакуација“ на жителите од градот и по договорот меѓу Тел Авив и Каиро за израелската воена активност во пограничните области меѓу Газа и Египет, познат како оската Филаделфи, според израелскиот јавен радиодифузер КАН.
КАН тврди дека Израел информирал неколку земји во регионот и САД за неговата подготвеност за операцијата во Рафах.
Според весникот Yedioth Ahronoth, израелската армија одобрила копнена операција во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.
Во меѓувреме, израелскиот Канал 12 објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху го информирал американскиот државен секретар Блинкен дека копнените операции во Рафах може да започнат во рок од две недели.
Претходно во петокот, Нетанјаху и нареди на израелската војска да постави двоен план за евакуација на палестинските жители од Рафах, дом на повеќе од 1 милион жители кои бараат засолниште од војната, и да ги порази последните баталјони на Хамас.
Од почетокот на израелскиот напад врз Газа на 7 октомври, Израел им нареди на жителите во северниот и централниот дел на Газа да се евакуираат кон јужниот дел на енклавата, што доведе до сегашните пренаселени услови на југ, особено во Рафах.
Израел го продолжува нападот врз Газа, каде што според палестинските здравствени власти, од 7 октомври досега се убиени најмалку 27.947 Палестинци, главно жени и деца, а 67.459 се повредени.
Израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.