Darren Lyn
10 Февруари 2024•Ажурирај: 11 Февруари 2024
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Големиот остров на Хаваите, предизвикувајќи неколку последователни потреси, пренесува Анадолу.
Американскиот геолошки институт првично ја процени јачината на земјотресот на 6,3 степени пред да ја ревидира на 5,7.
Земјотресот предизвика силно потресување низ синџирот острови во американската држава лоцирани во Тихиот Океан, но нема информации за повредени или материјална штета.
„Не знаевме што да правиме, па седнавме на нашите врати. Моето семејство на Кауаи рече дека и тие го чувствувале тоа“, изјави Алија Занони за „Наваи њуз нау“.
Други жители на Големиот остров изјавија за медиумот дека почувствувале силно тресење, предметите скокнале од полиците, а сликите паднале од ѕидовите.
На соседниот остров Оаху, жителите рекоа дека почувствувале треперење
Официјални лица рекоа дека имало најмалку шест последователни потреси во пресрет на првичниот потрес, но не се очекува цунами, според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.