Elena Trenchevska Chekovic
28 Септември 2025•Ажурирај: 29 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Израелската армија го крена во воздух домот на палестинско семејство во гратчето Ал-Кубејба, северозападно од окупираниот Ерусалим, јавува Анадолу.
Голем број израелски сили упаднаа во гратчето, го опколија домот на убиениот Мутана Наџи Амро, кој наводно бил вмешан во напад врз Израелци на почетокот на септември, и ги принудија жителите да го напуштат подрачјето. На жителите на соседните куќи им беше наредено да заминат пред војската да ја наполни куќата на Амро со експлозив и да го активира.
Нафиз Хамуда, градоначалник на Ал-Кубејба, за Анадолу изјави дека израелската армија „претходно извршила рација во домот на семејството, издала наредба за уривање и им дала рок од 10 дена да го напуштат пред да го разнесе“.
Тој додаде дека експлозијата предизвикала речиси целосно уништување на куќата и значителна штета на околните домови. Хамуда понатаму истакна дека окупацијата има за цел да им нанесе штета на што е можно повеќе граѓани.