Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
КУДС
Израелската организација за човекови права „Бецелем“ соопшти дека Израел врши воено злосторство во Појасот Газа, упатувајќи апел до меѓународната заедница да направи чекор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Меѓународната заедница треба итно да направи чекор со цел да го натера Израел да ги смени своите политики за да не умираат повеќе луѓе“, се вели во писменото соопштение на „Бецелем“.
Во соопштението се нагласува дека Појасот Газа од 2014 година досега не сведочел на толку смртни случаи и рушење, и дека Израел врши воено злосторство.
Според соопштението, од денот кога е започната воената операција наречена „Чувар на ѕидовите“ досега, Израел извршил бомбардирања врз цивилните населени места, односно врз куќите и високите згради.
Се вели дека Појасот Газа и пред нападите се наоѓал во хуманитарна криза, и дека израелската блокада е причина за оваа криза.