Hacer Başer
16 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
ГАЗА
Израел од полноќ извршува напади врз различни зони во Појасот Газа, при што досега загинаа најмалку 8 Палестинци, додека повредени се најмалку 45 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудра, преку писмено соопштение истакна дека продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во куќите што се срушени во нападите што Израел од полноќ ги извршува врз различни зони во Појасот Газа.
Кудра информира дека во овие напади на Израел загинале 8 лица, меѓу кои жени и деца, додека 45 лица се повредени.
„Палестинскиот народ во потполна смисла е изложен на војна на геноцид од страна на Израел, кој особено ги има како цел цивилите што живеат безбедни во своите домови и ги уништува нивните домови“, рече Кудра во претходна видеопорака до медиумите.
Инаку, во нападите што Израел ги изврши од 10 мај досега во Газа загинаа најмалку 150 Палестинци.