Enes Canlı
22 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
КУДС (АА) - Израелската полиција денеска во утринските часови изврши упад во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ во Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Упадот е изведен по сабах намаз, утринската молитва на муслиманите. Потоа полицијата се повлече од комплексот.
Израелската полиција почна да пушта стари лица и жени кои почнале да доаѓаат на петочната молитва.
На палестинските момчиња на некои влезови им е оневозможен влезот во Џамијата „Ал Акса“.

Дојде до судири помеѓу израелската полиција и Палестинците. Најмалку еден Палестинец е повреден.
Група палестинска младина која во утринските часови се собра во дворот на „Ал Акса“, фрлаше камења на полицијата. Израелската полиција интервенира со звучни бомби и гумени куршуми.
Палестинската Црвена полумесечина објави дека најмалку 31 Палестинец се повредени во интервенцијата на израелската полиција, а 14 од нив се згрижени во болница.
Илјадници муслимани клањаа сабах намаз во „Ал Акса“.
За муслиманите, „Ал Акса“ претставува третото најважно светилиште, а Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот „Ал Акса“, што зафаќа 15 отсто од старото јадро на Ал Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот.