Enes Canlı
07 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
КУДС (АА) - Израелската полиција во средата приведе пет Палестинци за време на тековното задушување на толпата која се собра пред влезот на портата Дамаск во Стариот Град на окупираниот Источен Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тензиите помеѓу израелската полиција и Палестинците околу влезот на портата Дамаск се високи среде светиот месец за муслиманите, Рамазан.
Судирите избија помеѓу неколку Палестинци и полицијата, која употреби палки за да ја растера толпата. Некои Палестинци фрлија пластични шишиња кон полицијата.
Според палестинската новинска агенција „ВАФА“ (WAFA), пет Палестинци кои беа уапсени, имаа статус на постојан престој во Источен Кудс.
Израелската телевизија КАН (KAN) објави дека израелската полиција уапсила четворица Палестинци околу портата Дамаск.
Од почетокот на Рамазан, Кудс е сведок на судири помеѓу палестинската младина и израелските сили поради последните обиди да се спречат годишните собири за време на Рамазан и активности во центарот на градот.
Израел го окупира Источен Кудс за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Тој го анектира целиот град во 1980 година во потег кој никогаш не беше признаен од меѓународната заедница.