Kaamil Ahmed
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Израелските воздушни сили утрово извршија напад на подрачјето на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Газа утрово е испалена ракета кон Израел, која не падна на израелското тло. Како одговор на тоа, израелските воздухопловни сили отвориле оган кон воените позиции во Газа“, се вели во соопштението на израелската армија.
Во соопштението се додава дека во нападот нема човечки жртви. Во последниве неколку недели, Газа повторно е место на чести израелски воздушни напади.
Во текот на летото во 2014 година, израелските сили започнаа двомесечени жестоки напади врз Појасот Газа, во кои загинаа најмалку 2.160 Палестинци, главно цивили, а повредени беа повеќе од 11.000 лица. Во текот на нападие загинаа 73 лица на израелската страна, главно воени лица.