Mustafa Deveci
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници ранија двајца Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Очевидци велат дека израелските војници поставиле железни барикади на влезот во Небих Салих, во близина на Рамалах.
Палестинските момчиња негодуваа поради оваа ситуација, што резултираше со конфликт со израелските војници.
Пукаа и ранија двајца Палестинци кои беа хоспитализирани. Од израелската Армија сè уште не се огласија за овој настан.
На почетокот на јуни израелските војници во Неб Салиху го застрелаа и убија 21-годишниот Изетин ел Тамими.