Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
08 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
РАМАЛАХ (АА) - Израелските војници го приведоа Палестинецот Хаџи Саид Арме (Ебу'л Абд), кој е познат по снимките направени од снимателот на Агенција Анадолија (АА) додека рамо до рамо со младите фрлаше камења кон израелските војници со чатал во раката, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, израелски војници извршиле рација во куќата на Ебу'л Абд, познат како „старото момче“ од редовите на отпорот, во градот Дејр Џерир во Рамала. Војниците во рацијата го приведоа 51-годишниот Ебул Абд.
Ебу'л Абд учествуваше во демонстрациите што се одржаа во петокот, 1 јануари, во подрачјето на Ес Шурфе во Дејр Џерир, каде Израел планираше да изгради еврејска населба. На демонстрациите, исто така, присуствуваа сите жители на Ес Шурфе, од стари до млади.
Ебу'л Абд беше снимен од Хишам Абу Шакра, снимателот на АА, како со чатал во раката фрла камења кон израелските војници.
На социјалните медиуми, Ебу'л Абд доби голема благодарност од корисниците. Исто така, беше коментирано дека рамо до рамо со младите со голема вештина го користел чаталот и правел маневри за да избега од куршумите на израелските војници.