Qais Omar Darwesh Omar, Zeynep Hilal Karyağdı Duran
28 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
РАМАЛА
Најмалку 15 лица се повредени при интервенцијата на израелските сили врз Палестинците што одржаа протест против изградбата на израелските населби во окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, Палестинците во различни делови на Западниот Брег одржаа демонстрации против изградбата на израелските илегални населби и активностите за проширување на палестинска територија.
Црвената полумесечина на Палестина објави дека во текот на интервенцијата на израелските војници во градот Бејт, во јужниот дел на Наблус, повредени се две лица од гумени куршуми, а петмина од солзавец и димни бомби.
Координаторот на Одборот на народниот отпор, Мурад Иштеви, изјави дека уште осум Палестинци се ранети од куршуми при интервенцијата на израелските војници на протестите во градот Кафр Кадум, а десет лица биле под влијание на солзавец и димни бомби.