Bakir Tiro
01 Февруари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
РАФА (АА) - Израелската армија денес се повлече од граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, овозможувајќи подготовки за делумно повторно отворање на преминот за цивили за прв пат по осум месеци, јавува Анадолу.
Вкупно 200 луѓе дневно ќе можат да минуваат низ граничниот премин Рафа, вклучувајќи 50 повредени и тројца придружници по пациент.
Амбулантни возила денеска чекаа на египетската страна на преминот за да превезат пациенти и повредени лица кои пристигнале од Газа.
Претходно во текот на денот, 32 Палестинци беа ослободени од израелските затвори како дел од четвртата серија договори за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас. Претходно, бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, ослободија тројца израелски затвореници од Газа и му ги предадоа на Црвениот крст.
Вкупно 183 Палестинци се очекува да бидат ослободени од израелските затвори денес, вклучително и 111 кои беа уапсени од израелската војска во Газа по 7 октомври 2023 година.
Меѓу ослободените, 18 Палестинци издржуваа доживотен затвор, додека 54 беа осудени на долгорочни казни.