Salih Okuroğlu
01 Февруари 2025•Ажурирај: 02 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Воздухопловна амбуланта со шест лица се урна во близина на трговски центар во градот Филаделфија, Пенсилванија, САД, известува Анадолу.
Воздухопловно амбулантно летало на компанијата ‘Jet Rescue Air Ambulance’ се урна во близина на трговски центар во Филаделфија, објави Ен-би-си Њуз.
Во соопштението на компанијата се вели дека во авионот имало вкупно шест лица, вклучително и четиричлениот екипаж, и дете кое дошло на лекување во САД и се враќало дома и неговиот придружник. „Нашата загриженост е за семејството на пациентот , нашиот персонал, нивните семејства и сите други жртви кои можеби се повредени во областа каде што се урна авионот“, се вели во соопштението.
Портпаролот на компанијата изјави дека мали се шансите за преживување на оние што се наоѓале во авионот.
На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа пожар и чад што се издига од областа каде што се случи несреќата.
Во објавата што ја даде мексиканското Министерство за надворешни работи на профилот на социјалната мрежа на платформата Х, се наведува дека сите шест лица во авионот се мексикански државјани.
Во соопштението се наведува дека мексиканскиот конзулат е подготвен да им даде поддршка на роднините на лицата што се наоѓале во авионот.