Ali Abo Rezeg
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници притворија 10 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Армијата се наведува дека Палестинците биле притворени под сомнение дека се вмешани во терористички активности.
Израелската војска често спроведува апсења низ Западниот Брег, под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.
Според палестинската бројка, околу 5.700 Палестинци во моментот се наоѓаат во затворите во Израел, вклучувајќи голем број жени и деца.